Поевтино парно греење

Од:

За 4,69 проценти пониска цена за парно греење од денеска ќе плаќаат домаќинствата приклучени на системот на компанијата „Балкан енерџи“, а останатите нејзини потрошувачи за 16,60 проценти.

За потрошувачите кои го користат дистрибутивниот систем на „ЕЛЕМ енергетика намалувањето на цената на топлинската енергија е линеарно и изнесува 4,09 проценти. Домаќинствата, пак, корисници на дистрибутивната мрежа „Скопје Север“, ќе плаќаат парно со пониска цена за 0,48 проценти, а тие од категоријата останати за 5,2 проценти.

Според Регулаторната комисија за енергетика, намалувањето на цената на парното се должи на поволната состојба од минатата година со намалените трошоци за производство на топлинска енергија, претежно заради проектираната цена на природниот гас и потрошената количина.

Најголем дел од потрошувачите во Скопје ги опслужува „Балкан енерџи“. Цената на парното за корисниците на оваа компанија заедно со претходните две намалувања за една година кај домаќинствата е пониска за 21 процент, а за категоријата останати корисници за 34 проценти.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Се намалува цената на парното

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови