Албанскиот парламент го изгласа законот за нова територијална поделба на земјата

Од:

На денешната седница, последна пред летните одмори, без присуство на опозицијата, која ја бојкотира работата на законодавниот дом, албанските народни избраници го изгласаа Законот за нова административно-територијална поделба на Албанија.

Законот беше донесен со 88 гласови „за“ еден против и еден воздржан. Против беше потпретседателот на парламенотот и лидер на партијата за заштита на човековите права(партија на Грците) Вангел Дуле, кој смета дека новиот закон е насочен кон асимилација на малцинствата и оти не се почитуваат меѓународните стандарди за малцински права.

Тој најави одржување референдум за општина Химара. Пратениците кои го подржаа законот,како и премиерот Еди Рама законот го оценија како историска реформа, која е во интерес на сите.

Реплицирајќи на обвинувањата на Дуле, Рама рече дека формирање три општини на малцинствата зборува многу за почитувањето на правата на малцинствата.

Со новиот закон Албанија има 61 општина.

Од македонските само општина Пустец останува самостојна. Трите општини во областа Голо Брдо, Стеблево, Требиште и Острени, се припојуваат кон албански општини , исто како и Шиштавец, Топојан и Запот во областа Гора.

Партијата и здруженијата на Македонците во повеќе наврати го кажаа својот став дека се против владиниот предлог барајќи да се формираат општина Голо Брдо и општина Гора. По донесувањето на законот тие најавуваат барање за ревизија од меѓународни инситуции.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски