(ВИДЕО) СОНК: И покрај силните притисоци – утре одиме на протест

Од:

Силни притисоци трпат членовите на СОНК пред утрешниот протест. Професори од внатрешноста добивале закани дека ќе бидат отпуштени од работа, а дека последици ќе имале и членовите на нивните семејства

– – Анализите покажуваат се’ пожестоки се притисоците врз нашите членови, кои согласно статутот на СОНК, меѓу другото имаат обврска и да излезат на јавен протест. Никој во оваа наша држава не смее да издаде никаква наредба за бојкотирање и неизлегување на јавниот протест. Имаме индиции, укажувања и кажувања дека притисоците се вршат на многу места, насекаде во сите локални амоуправи, во сите општини и тоа преку директорите. Не сакаме да излегуваме со поконкретни информации, се’ додека не обезбедимее цврсти докази за овие притисоци. Кога ќе ги обезбедиме доказите ќе ги обелодениме. Ќе кажеме во кој градови, кој со име и презиме и никој нема да се затскрие зад моќта што ја поседува во моментот, но никој не може да ни го забрани правото на протест кое е уставно и демократско право. Имеме информации дека една третина од членовите нема да дојде што значи дека притисоците се жестоки, а тие че се засилат во текот на денешниот и утрешниот ден, вели Јаким Неделков, претседателот на СОНК.

Тој ги охрабри членовите на СОНК утре масовно да дојдат на протестот и да не им подлегнат на лагите, уцените и заканите.
Закани врз членовите на СОНК да не протестираат утре им се упатувале вербално, но, се испраќале и СМС пораки и мејлови. Раководството на Синдикатот има информации, освен за директни и за закани за членовите на семејството.
Автобусите со кои ќе доаѓаат наставниците на протест ќе се расипуваат и ќе бидат сопирани на патарините. Па така, имало дури и предлози демонстрантите да излезат со маски, за да немаат последици.
Неделков ги повика медиумите да известуваат коректно да не прават конструкции дека протестот на СОНК е политички поврзан со опозицијата.
sonk
-Од нашите плати се одвојуваат пари за тие медиуми, СОНК не владин, ниту антивладин, рече Неделков.
Вработените во образованието, науката и културата бараат повисоки плати во предучилишното, основното и средното образование, склучување на колективен договор за да се отстранат незаконските разлики во висината на платите за исто работно место и протестираат против екстерното тестирање и политизацијата во образованието. Револтирани се од односот на институциите, за кои велат дека, не преземале ништо по нивните барања, кои им ги доставиле уште во март, пред изборите.
Раководството на СОНК е загрижено за здравјето на тројцата професори од Економскиот факултет кои штрајкуваат со глад во Штип и ги поддржува од првиот ден на штрајкот.
Протестот на СОНК ќе се одржи утре во 5 минути до 12 часот пред Министерството за образование и наука во Скопје.
А.Б.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати