Израелскиот премиер Бенјамин Натанјаху денеска изјави дека Израел е одлучен, без оглед на напорите за воспоставување на прекин на огнот, да се заврши уништувањето на тунелите кои палестинските милитанти ги изградија под границата помеѓу Појасот Газа и Израел.
– Ние сме решени да ја завршиме мисијата со или без прекин на огнот, изјави израелскиот премиер на почетокот на седницата на Владата во Тел Авив.
– Нема да прифатам ниту еден предлог кој нема да и овозможи на израелската војска да ја заврши важната задача заради безбедноста на Израел, истакна Нетанјаху.
Генерал-мајорот Сами Тургеман, шеф на израелските сили во Газа, вчера изјави дека преостануваат само некоку дена да се уништат сите тунели за напади.