А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за две лица осомничени за продажба на хероин

by А1он31/07/2014 - 12:5792
Share0

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга до надлежното Основно Јавно обвинителство поднесе кривични пријави против А.С.(25) од струшкото село Велешта и С.У.(28) од струшката населба Теферич.

Следете a1on на Instagram Instagram

МВР денеска соопшти дека на 29-ти овој месец, при преглед на чанта сопственост на второпријавената С.У. пронајдени се вкупно шеснаесет паковки со хероин завиткани во жолта најлонска фолија, а наменети за натамошна продажба на наркозависници од Струга и Охрид. Прегледот е извршен околу 18 часот по претходни оперативни сознанија дека С.У. во близина на хотел во центарот на Струга остварува контакт со наркозависници и врши препродажба на хероин.

С.У. секојдневно остварувала контакт со првопријавениот А.С. од кого редовно добивала по 20 паковки со хероин по што таа телефонски со наркозависници договарала место за продажба и преземање на дрогата. Парите од продажбата потоа му ги предавала на А.С. за што добивала по 1.000 денари независно од бројот на продадените опаковки хероин.

При извршен претрес во домот на А.С., а по наредба на Основниот суд во Струга, пронајдена е една дигитална вага и испратена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Следете a1on на Youtube YouTube
mvr

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 11:4709/10/2026 - 14:27

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он08/10/2026 - 08:3608/10/2026 - 08:37

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Предраг Петровиќ02/10/2026 - 17:15

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 12:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео