Во Крушево вечер ќе заврши манифестацијата „Крушево етно-град“, но општината се подготвува за Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ и одбележување на Илинден.
Денеска во 18 часот пред Столбот на Крушевската Република свечено ќе бидат пречекани коњаниците кои ќе пристигнат од различни делови на Македонија, а во 20 часот на градскиот плоштад ќе почне богатата културно-уметничка програма со која ќе заврши „Крушево етно-град“.
Со драматизации ќе се претстават учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од општина Аеродром, ќе настапат играорците од КУД „Лисиче“ – Скопје и ќе заиграат играорци од Германија, Норвешка, Холандија, Шведска – учесници на летниот фолклорен семинар, кој традиционално се одржува во Крушево за време на манифестацијата етно-град. Семинарот е под водство на Сашко Анастасов и ансамблот „Вила зора“.