Боливија го прогласи Израел за „терористичка држава“

Од:

По три седмици, колку што траат нападите на Израел врз Појасот Газа, и по 1200 убиени Палестинци, претседателот на Боливија, Ево Моралес на единствен начин одлучи да крене глас против израелските напади.

„Го прогласувам Израел за терористичка држава“, изјави Моралес во својот говор во градот Кочабамба.

Моралес го поништи договорот со кој Израелците патуваа во Боливија без визи уште од 1972 година.

– Израел не може да ги гарантира основните човекови права, мир и соживот во рамките на меѓународната заедница, додаде боливискиот претседател.

Боливија пред пет години, по нападот на Израел врз Палестинците, ги укина сите претходни договори помеѓу двете држави.

Во средината на јули, Моралес побара од високиот претставник на УНХЦР да го гони Израел за злосторства против човештвото.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас