За 4,69 проценти пониска цена за парно греење од 1 август да плаќаат домаќинствата приклучени на системот на компанијата „Балкан енерџи груп“, а останатите нејзини потрошувачи за 16,6 проценти, предлага Регулаторната комисија за енергетика.
За потрошувачите кои го користат дистрибутивниот систем на „ЕЛЕМ енергетика се предлага линеарно намалување на цената на топлинската енергија за 4,9 проценти. Домаќинствата, пак, корисници на дистрибутивната мрежа „Скопје Север“, според предлогот, ќе плаќаат парно со пониска цена за 0,48 проценти, а тие од категоријата останати за 5,2 проценти, информира денеска на прес-конференција претседателот на РКЕ Димитар Петров.
За предлог одлуката РКЕ ќе решава на утрешната седница. Вкупното намалување на цената на парното за корисниците на „Балкан енерџи груп“, според Петров, за една година, е 21 процент, а за останатите корисници 34 проценти.