Аргентина се соочува со уште една присилна наплата на нејзините долгови

Од:

Аргентина ќе се соочи со трета по ред присилна наплата на нејзните долгови, доколку денеска до полноќ по американско време, Владата во Буенос Аирес не постигне договор со хеџ фондовите кои ги поседуваат аргентинскте државни обврзници.

Еден американски суд пресуди дека Аргентина до среда на полноќ ќе мора да плати 1,3 милијарди долари за обврзниците што ги поседуваат хеџ фондовите, што во најголем број се американски.

Правни застапници на овие фондови и аргентинската Влада преговараат во Њујорк околу постигнувањето на некаков договор, со што би се одбегнала присилната наплата, но по вчерашните разговори и двете страни потврдија дека нема никаков напрдок.

Преговорите треба да продолжат и денес и се очекува во нив да се вклучи и аргентинскиот министер за економија Аксел Кичилоф, но финансиски експерти во Њујорк не веруваат во постигнувањето на договор до крајниот рок што го определи судот.

Буенос Аирес го осуди решението на судот, а посебно го критикуваше однесувањето на инвеститорите кои ги поседуваат обврзниците.

Аргентинскиот претседател Кристина Кирхнер ги нарече овие фондови „мршојадци“ и ги обвини инвеститорите дека ја користат ситуацијата со аргентинските долгови за да направт профит.

Американските хеџ фондови ги имаат откупено аргентинските долгови за „мали пари“ во време кога Аргентина се соочуваше со тешка економска и финансиака криза. За нив никогаш не е направен договор за реструктуирање.

Проблемот за оваа јужноамериканска држава уште повеќе се усложнува со тоа што и други инвеститори кои поседуваат обврзници од аргентинскиот долг, кои се околу 70 отсто, најавуваат дека ќе побараат веднаш да им бидат исплатени парите.

Тоа ќе предизвика Аргентина да не може да ги плаќа своите долгови и да ги сервисира сите други плаќања, што може да заврши со банкрот на земјата. Ова не е првпат Аргентина да се најде во ваква ситуација со своите долгови и со редовната презадолженост.

Последен пат, присилна наплата беше правена во 2001 година, кога поради празнењето на банките пропаднаа штедните влогови на многу Аргентинци.

Буенос Аирес стравува дека тоа ќе се случи и сега, третпат во последните дваесетиа години.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ