На порталот „Отворени податоци“ ќе најдете податоци од 11 државни институции

Од:

Слободен и бесплатен пристап до податоците од јавен карактер без технички или законски ограничувања, нуди новиот портал на концептот „Отворени податоци“, кој денес беше промовиран во Министерството за информатичко општество и администрација. Податоците од институциите се достапни за сите заинтересирани физички и правни лица.

Со овој проект се опфатени вкупно 82 податочни сетови од 11 институции: Агенција за катастар на недвижности, Агенција за електронски комуникации, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државен инспекторат за труд, Министерство за финансии, Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за земјоделство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Државен управен инспекторат и Министерство за економија.

Порталот www.opendata.gov.mk сега мигрира на www.otvorenipodatoci.gov.mk, каде институциите кои претходно ги имале отворено податоците во отворен формат и биле линкувани до централниот сајт за отворени податоци исто така ќе бидат мигрирани на новата платформа.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски