ДОМ поднесе кривична пријава против „Југохром“

Од:

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) во Основното јавно обвинителство – Тетово поднесе кривична пријава против металуршкиот комбинат „Југохром“ за „загадување на животната средина и природата“ и за „загрозување на животната средина со отпадни материи“.

Кривична пријава за тие кривични дела ДОМ претходно поднесе и за „Макстил“.

ДОМ денеска соопшти дека пријавата се повикува на прекршување на Законот за животна средина, член 138, став (1) за непочитување на рокот 1 април 2014 година за еколошко прилагодување, како и на Уставот на РМ, член 43 став 2 кој што гласи „секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата”.

– Кривичната пријава се поднесува за загрозување на здравјето на граѓаните на Тетово и уништување на животната средина, почнувајќи од 11.7.2005 година (кога почнува да важи Законот за животна средина) до денес. Југохром не го испочитува Законот и не ги почна навремено набавките на еколошката опрема, па продолжи да загадува со несмалено темпо, не водејќи сметка за поплаките на граѓаните и укажувањата и и казните на институциите, соопшти ДОМ.

Како доказ партијата ги приложува податоците од ПМ10 од мерната станица во Тетово за последниве месеци, годишен преглед за 203 и повеќегодишен преглед од 2005 до 2013 година. – Лесно се гледа огромното пречекорување на дозволената граница од 50 мг/м3, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски