Повеќе од 150 лица се затрупани под свлечиште што зафати едно село во западниот дел на Индија, откако ова подрачје беше зафатено од неколкудневни обилни врнежи, соопштија денеска индиските власти.
Комесарот на дистриктот Пуне во индиската сојузна држава Махараштра, Прабхакар Дешмук информира дека одронот затрупал околу 40 куќи во селото Амбе.
Дешмук за телевизиската станица Си-Ен-Ен-ИБН изјави дека спасувачките екипи се на пат кон местото на елементраната непогода и дека жителите сами почнале со расчистување на урнатините.
Заменик главниот инспектор од Центарот за природни непогоди, С.С. Гулериа изјави дека кон местото на свлечиштето се упатила 42 спасувачи поделени во седум тимови.