Седници на повеќе собраниски комисии

Од:

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата се очекува денеска да ги соопшти предлозите за членови на новиот состав на Комисијата за верификација на фактите.

Доколку предлог-одлуката биде изгласана од Комисијата таа би можела да се најде на дневен ред на денешната 11-та седница на Собранието, чиј почеток е закажан за 13 часот, информираше на средба со новинарите вчера претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски.

Седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата од вчера беше презакажана за денеска претпладне.

На дневен ред на Комисијата е дополнување на одлуката за именување на членови на Националниот совет за евроинтеграции и за измена на одлуката за избор на членови на комисиите на Собранието.

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат и комисиите за транспорт, врски и екологија, за политички систем и односи меѓу заедниците, Законодавно-правната комисија и Буџетскиот советн на Собранието.

Членовите на Комисијата за транспорт ќе расправаат за измените и дополнувањата на Законот за железничкиот систем и на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, двата во второ читање.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледа дополнувањето на Законот за договорен залог, Предлог-законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и за измените на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, сите во второ читање.

Прва седница ќе одржи Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија. На дневен ред е предлог на стратешки план на Собранието за периодот 2015-2017 година, предлог буџетското барање на Собранието за 2015 година, како и предлог заклучок за утврдување на бројот на надворешни соработници по пратенички групи.

Законодавно-правната комисија ќе расправа за повеќе закони во второ читање.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Седници на повеќе собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспрот, врски и екологија, за надворешна политика, за европски прашања и Законодавно-правната комисија.

Предвидено е Комисијата за финансирање и буџет да одржи две седници. Пратениците треба да ги разгледаат Предлог на законот за дополнување на Законот за платниот промет, како и измените и дополнувањата на Законот за персоналниот данок на доход и на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, сите во прво читање. Откако ќе бидат разгледани овие предлози собраниската комисија за финансирање и буџет ќе ја продолжи расправата за Предлог на Буџетот за 2013 година.

Комисијата за труд и социјална политика ќе го одржи дванаесеттото продолжение на амандманската расправа на Предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка, поднесен од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог на законот за изменување и дополнување на Изборниот законик и на дополнувањето на Кривичниот законик, двата во прво читање.

Членовите на Комисијата за транспрот, врски и екологија ќе отворат амандманска расправа за измените и дополнувањата на Законот за воздухопловство, за изменување на Законот на железничкиот систем и за измените и дополнувањата на Законот за внатрешна пловидба.

Исто така треба да ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај, Предлог-закон за автокампови, измените и дополнувањата на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, како и Предлог-законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, сите во прво читање.

Комисијата за надворешна политика ќе разгледа два закони за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Казахстан за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална инвазија по однос на даноците на доход и Спогодбата за воздушен сообраќај помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на САД.

Членовите на Комисијата за европски прашања треба да ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за азил и привремена заштита на Кривичниот законик и на Законот на трговските друштва сите во прво читање.

На дневен ред на Законодавно правната комисија се повеќе закони во прво и во второ читање, како и неколку ратификации.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет