Порошенко бара посредување на Белорусија

Од:

Украинскиот претседател, Петро Порошенко побара од Белорусија во Минск да организира разговор помеѓу руски и украински претставници, за пристап до локацијата каде што се урна малезискиот авион.

Во соопштението на украинското претседателство се наведува дека тој го контактирал белорускиот претседател, Александер Лукашенко и го повикал да организира состанок помеѓу поранешниот украински претседател Леонид Кучма и рускиот амбасадор во Украина, Михаил Зурабов и претставник на Организацијата за европска безбедност и соработка ОБСЕ. Foto: Beta/AP, arhiva Како што се наведува една од темите на состанокот би требало да биде и ослободување на заложниците, кои ги држат проруските сили на исток на Украина, пренесе „Франс прес“.

Инаку група меѓународни експерти веќе трет ден по ред, поради судирите помеѓу украинските и проруските сили не успеа да дојде до местото каде што се урна патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“.

Американскиот државен секретар Џон Кери по состанокот со украинскиот министер за надворешни работи, Павел Климкин изјави дека украинските власти се согласиле за прекин на огнот во југоисточниот регион и дека се подготвени за дијалог со проруските сили.

Како што пренесе „Ројтерс“ Кери и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во телефонски разговор се согласиле за прекин на судирите во близина на местото на падот на малезискиот авион.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи стои дека Лавров и Кери се согласиле за потребата од строго исполнување на резолуцијата на Советот за безбедност при ОН, во која се бара меѓународен и независен карактер на истрага, како и престанок на борбите во областите каде што се наоѓаат остатоците од авионот, се наведува во соопштението.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад