Три лица повредени при обид за грабеж во златарници во Дебар

Од:

Три лица се повредени во обид за грабеж од страна на вооружени и маскирани лица попладнево во две златарници во Дебар, сопственост на браќата И.А. и М.А. кои се наоѓаат на главната улица во градот.

Разбојниците пукале со автоматски пушки, при што, според полициски извори повредени се сопственикот на една од златарниците, М.Е. случаен минувач дебарчанец и еден албански државјанин, кој во моментот се наоѓал во една од златарниците како купувач.

Како што соопштија од Општата болница во Дебар, М.Е. има три прострели рани, и тоа на десната рака, абдоменот и десната подколеница. Второто лице исто така дебранец, случаен минувач, има прострелна рана во пределот на десната надколеница.По дадената потреба лекарска помош транспортирани се во Клиничкиот центар во Скопје. Албанскиот државјанин има огреботина и пуштен е на домашно лекување.

Разбојниците успеале да побегнат од местото на настанот откако насилно зеле возило кое се наоѓало на улица.

Во моментот на местото на инцидентот увид врши обвинител и истражен судија од Гостивар.

Граничните премини кон Албанија кај Дебар во моментот се привремено затворени.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи