Поради поплавите во јужните романски окрузи Валчеа и Горж се евакуирани стотици лица, соопшти весникот „Романија либера“.
Повеќе од 200 лица се евакуирани од округот Валчеа поради надоаѓање на реките. Од водата се оштетени два автопати. Многу куќи и имоти се поплавени во округот Арджеш, а поплавен е и Центарот за трансфузиологија во градот Питешт.
Министерството за внатрешни работи испрати три хеликоптери за евакуација на населението во погодените области.
Хидролозите објавија предупредување од „портокалов код“ за ризик од поплава во седум окрузи во земјата – Горж, Долж, Валча, Олт, Арджеш, Телеорман, Димбовица, пренесува БТА. Предупредувањето е за времетраење од 13.00 часот денеска до 14.00 часот утре.
Истовремено метеоролозите издадоа предупредување за „жолт код“ за атмосферска нестабилност во осум окрузи во централниот и јужниот дел на земјата, валиден за денеска.