Франција во најскоро време на Палестинската автономна управа ќе и ја додели првата транша од финансиската помош во вредност од осум милиони евра, соопшти франбцускиот претседател Франсоа Оланд во телефонски разговор со палестинскиот колега Махмуд Абас.
Оланд во разговорот со Абас ја потврдил намерата на Франција за преземање на сите напори за прекин на огнот во Појасот Газа, се наведува во соопштение на админситрацијата на францускиот претседател.
Според Оланд, како што јави ИТАР-ТАСС, неопходно е палестинските власти да учествуваат во напорите за примирје врз основа на египетскиот предлог.