Од горештини во Јапонија починаа 15 лица

Од:

Топлиот бран, која од минатата недела ја зафати Јапонија со температури што достигнуваат 35 степени во сенка, ги однесе животите на 15 лица, а 8.580 побарале медицинаска помош, од кои 19 се во тешка состојба, соопшти денеска јапонската Агенција за елементарни непогоди.

Според објавените податоци, кои се засновани само врз бројот на оние кои побарале итна помош, 44,4 отсто од луѓето биле на возраст над 65 години, кои сочинуваат една четвртина од населението во земјата.

Претходната недела 3.179 лица побарале медицинска помош поради високите температури, од кои тројца починале.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови