Аукциската куќа „I.M.Chait“ од беверли Хилс ги претстави своите нови „скапоцености“ помеѓу кои и импозантниот еднометарски копролит (фосилизиран измет) за кој се верува дека потекнува од одамна изумрен диносаурус.
Фосилот од измет чија старост се проценува на 33,9 милиони години наскоро ќе им биде достапен на заинтересираните купувачи и тоа за сума во износ од 5.800 и 7.250 евра.
– Спектакуларниот фосил веројатно е најдолгиот кој некогаш бил понуден на продажба. Тој има жолто кафена боја и фина текстура. Не се знае од кого потекнува, но веројатно се работи за некое огромно суштетсво – објаснила од аукцијската куќа.
Освен овој фосил на аукцијата која е закажана за 26 јули ќе бидат понудени и пет помали фосили на измет чија цена ќе биде помеѓу 2.900 и 4.350 евра.