Едно лице загина, а едно е повредено, од возилото за придружба на албанскиот претседател Бујар Нишани кое доживеало сообраќајна несреќа на пат за Охрид, меѓу Пеќин и Елбасан.
Причина за несреќата, според првичните неофицијални информации во албанските медиуми, била неприлагодената брзина со која возилото од придружбата на Нишани се движело по влажниот коловоз.
Сепак, најавената средба на Нишани со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Вилата „Билјана” во Охрид се одржа.
На неа, Иванов на Нишани му изразил длабоко жалење за сообраќајната несреќа. Македонскиот претседател го замолил својот албански колега да ги пренесе изразите на длабоко сочувство до семејството на трагично загинатиот.