Руските медиуми објавија сателитска снимка за која се тврди дека е доказ како е истрелана ракета кон малезискиот авион. Снимката е направена од руски сателит, и се тврди дека ракетата е истрелана од противвоздушниот систем „БУК“ но од територијата под контрола на украинската војска, и тоа од делот кој го финансира и контролира украинскиот олигарх Коломојски. Засега нема никаква официјална потврда од Москва за веродостојноста на снимката.
Според руските медиуми, Москва бара од Вашингтон за 24 часа да потврди дали е вистина или не, дека украинската војска го урнала авионот.
САД минатата недела за падот на авионот ги обвини проруските сили во Украина, но и Русија која им го дала ракетниот систем „БУК“. Овој систем го поседуваат и Русија и Украина, а од Вашингтон посочија дека ракетата е истрелана од територијата на проруските сили.