Израелската армија негира дека нападнала болница или парк

Од:

Израелската армија негира дека нејзините сили се одговорни за денешните напади врз најголема болница во Појасот Газа и паркот во Газа.

Армијата соопшти дека палестинските екстремисти погрешно истрелале ракети и оти тие треба да бидат обвинети.

Претходно, началникот на палестинската брза помош Ајман Сахабани изјави дека најмалку десет луѓе загинаа, а 46 се повредени при израелскиот воздушен напад врз еден парк во Газа.

Паркот се наоѓа во близина на најголема болница во Појасот Газа. Вработените во болницата тврдат дека израелска ракета денеска погодила една зграда од комплексот.

Во нападот е погодена зградата која се наоѓа во близина на главниот влез на болницата Шифа, тврдат болнички извори, а на репортерите им е забрането да снимаат.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас