Меѓународниот полициски тим и денеска не успеа да стигне до местото на несреќата на малезискиот авион, бидејќи во регионот продолжуваат битките.
Групата од австралиски и холандски полицајци и судски експерти запре во Шахторск, на околу 30 километри од местото на несреќата.
Задачата на полицискиот тим е да го обезбеди реонот, кој во моментот е контролиран од бунтовниците, со цел да почне истрагата за падот на малезискиот авион, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот.
Холандските и австралиските експерти вчера пристигнаа во Украина. Тие и вчера не отидоа на местото на несреќата на малезискиот авион поради судирите.