Лавров до САД и ЕУ: Нема да ја постигнете целта

Од:

Санкциите едноставно нема да можат да ја остварат својата цел. Ве уверувам дека ќе го надминеме секој проблем што ќе се појави во било која економска област, а може да станеме и уште понезависни во својата сила, им порача на ЕУ и на САД, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Тој рече и дека земјите на ЕУ не изразуваат ентузијазам поради санкциите.

-Влошувањето на односите помеѓу партнерите не може никого да го задоволи. Постојат многу можности за развој на взаемните односи, рече Лавров.

-Никој не може да победи со преземање на еднострани мерки. Убеден сум дека сите тие што воведоа санкции не се одушевени многу од тоа. Тие повеќе би сакале да донесоа некои поинакви одлуки, рече тој.
Шефот на руската дипломатија истакна дека Москва се надева дека истрагата за соборениот малезиски авион над Украина ќе биде објективна и дека ќе се почитува пресупцијата на невиност.

Тој рече дека Москва очекува дека никој нема да се обиде да ги сокрие вистинските причини за несреќата на малезискиот авион.

Лавров се надева дека набљудувачите од европските организации за човекови права и безбедност, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ќе можат да се разместат долж границата на Русија со Украина.

-Украинската власт упорно одбива да разговара со југоситокот, да седне на заедничка маса и да почне дијалог за сите прашања кои се однесуваат на украинската држава, пред се за прашањата за уставни реформи. Без таков дијалог и искрена желба да се земат во предвид интересите на сите украински граѓани, нема никаква надеж дека ќе се постигне политичко решение, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот