Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила 14 лица осомничени дека се дел од мрежата за превоз на илегални имигранти, пред се Кубанци, во САД преку Мексико.
Центарот на мрежата бил на шпанскиот остров Тенерифе, што се наоѓа западно од Мароко, од каде за сума од 1.000 до 1.500 евра игрантите биле пренесувани до Мексико, од каде илегално преминувале во САД.
Кога ќе стигнеле во САД, имигрантите барале дозвола за престој врз основа на американските закони, според кои, Кубанците што се наоѓаат на американска територија добиват дозвола за престој во земјата.
При акцијата за разбивање на мрежата полицијата уапсила 11 Кубанци и тројца Шпанци и запленила 12 фалсификувани шпански визи за престој, 13.000 евра и 3.250 американски долари.