Манифестација „Откриј го Крушево“

Од:

Крушево денеска ќе биде отворен простор на кој ќе се промовираат сите можности кои градот и околните планини ги нудат за секаков тип на посета, обичен или авантуристички туризам.

Мотото на настанот ќе биде „Откриј го Крушево – природа, култура, авантиура“, а преку низа активности кои ќе траат преку целиот ден, почнувајќи од раните утрински часови, ќе се прикажат сите можности што ги нуди градот за туристите од Македонија и од странство. Настанот ќе биде збогатен и со голема забава на „Мечкин Камен“ со настап на „Љубојна“ и „Суперхикс“ и пикник со крушевска скара.

На посетителите ќе им бидат понудени пешачки патеки, јавање со коњи, прошетка низ Крушевската корија стара 300 години, дегустација на старата крушевска кујна и крушевскиот локум, посета на леарницата и старата Крушевска чаршија чии дуќани цел ден ќе бидат отворени за да можат да се видат традиционалните занаети, како и познатите везови на крушевските жени,…

Настанот ќе биде зачинет со параглајдиг од Мечкин Камен каде е организирана специјална лотарија преку која сите среќници ќе имаат можност да ја видат Пелагонија од птичја перспектива.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ