Египет ја предупредува Турција поради изјавите на Ердоган

Од:

Египет денеска ја осуди изјавата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси го нарече тиранин.

Во соопштението на египетското Министерство за надворешни работи се истакнува дека вторпат за една недела е повикан на разговор претставникот на Амбасадата на Турција во Каиро поради коментарите на Ердоган.

– Турскиот премиер е воден од чисто идеолошки интереси, се посочува во соопштението на египетското МНР, алудирајќи на турската поддршка на Муслиманското братство, кое во Египет е прогласено за терористичка организација.

Во соопштението се истакнува и дека ако продолжат навредите кон Египет од Ердоган и турската Влада тоа ќе доведе до нарушување на билатералните односи.

Тензиите во односите меѓу Египет и Турција настанаа по соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси. Египет го протера турскиот амбасадор откако Анкара побара ослободување на Морси.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро