Во Ѓорче Петров промовиран проектот „Соседска патрола“

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, првиот човек на СВР Скопје Горанчо Савовски и градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митревски, денеска во истоимената општина го промовираа проектот „Соседска патрола“, кој како превентивна активност, има за цел зголемување на сигурноста и безбедноста на граѓаните во нивните населени места.

Проектот „Соседска патрола, којшто е дел од низата други најавени проекти во насока на подобрување на општите безбедносни состојби, ќе се реализира на тој начин што ќе се организираат патроли во кои би се вклучиле заинтересирани граѓани, кои, пак, заедно со полицијата во нивните населби, маала, соседства, би можеле заеднички да патролираат и да ги посетат локациите на кои се случуваат зачестени кривични дела и прекршоци од областа на јавниот ред и мир.

Со ова заедничка активност граѓаните односно претставниците на локалната самоуправа, месните, урбаните заедници, родителите, директорите на основни и средни училишта, детски градинки и други институции, би дале свој придонес кон зголемување на безбедноста и намалување на кривичните дела и нарушувањата на јавниот ред и мир во нивното населено место.

Според планот за реализација на проектот, конкретно за подрачјето на ПС Ѓорче Петров, за почеток е предвидено да се реализираат четири патроли (соседска полиција) во тековниот месец, односно една патрола неделно. Соседските патроли ќе ги сочинуваат жители на Ѓорче Петров претставници од месните заедници, директори на основните училишта и градинки, родители, односно сите оние граѓани кои ќе пројават интерес за овие активности.

Предвидено е најчесто да се патролира во покритичните места, на пример Реонски парк „Ѓ.Петров“ – каде што има собирање на млади во доцните часови и каде што најчесто се нарушува јавниот ред и мир. Потоа населба „Јурија“ – социјални згради во близина на болницата „Св.Лазар“ за дел за кој што има чести поплаки за нарушувања на јавниот ред и мир, како и село Волково, населбата Хром (делот кај кружниот ток) каде што се евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир од страна на млади лица со мотори и конзумирање на алкохол, ОУ „Мирче Ацев“. По завршувањето на состаноците во урбаните и месните заедници доколку има интерес од присутните ќе се реализираат и други заеднички обиколки по населените места.

Минатиот петок реализацијата на проектот отпочна и на подрачјето на полицциската станица Кисела Вода, а минатата недела продолжи и на подрачјето на полициската станица Драчево. Во наредниов период активностите ќе бидат проширени и на подрачјата на другите полициски станици во рамки на СВР Скопје, како и во другите градови низ државата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Дивиот“ забавен парк кај „Борис Трајковски“ ќе биде отстранет

МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете

Уапсен кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Јанчев

Кумановец загина во тешка сообраќајна несреќа кај Агино село

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ