Средба во Париз посветена на траен прекин на огнот во Газа

Од:

Во Париз денеска се одржува средба посветена на меѓународните напори за постигнување траен прекин на огнот во Појасот Газа меѓу Израел и палестинското Исламско движење на отпорот (Хамас).

Медиумите од Париз инфромираа дека средбата се одржува на покана на францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус со учество на американскиот државен секретар Џон Кери, шефовите на дипломатиите на Катар, Турција и на „некои европски земји“.

Претходно беше најавено дека на средбата ќе присуствуваат шефовите на дипломатиите на Велика Британија, Германија, Италија, Катар, САД, Турција и Франција и високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон.

На собирот не е најавено улество на претставници на Израел, Хамас или на Египет, кој прв иницираше преговори за примирје во Газа.

Според најавите, целта на собирот е да се убедат двете спротивставени страни на продолжување на 12-часовниот прекин на огнот во Појасот Газа, што стапи во сила утрово во 8:00 часот по локално време (7:00 часот по средноевропско време).

Израелската армија и Хамас доцна синоќа се согласија на предложеното примирје, откако претходно пропадна иницијативата на Кери за подолготраен прекин на огнот.

Армијата на Израел најави дека ќе го почитува 12-часовното примирје, но дека ќе реагира во случај на напад врз нејзини војници или израелски цели и цивили.

Би можело да ве интересира

Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање

Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Предраг Петровиќ