Што кријат Иванов, Груевски и Ахмети?

Од:

По посетата на Брисел на претседателот Иванов, официјално наместо прес-конференција, молк од неговиот кабинет пред да се консултира со базата во ВМРО-ДПМНЕ , а пак ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ.
Како што дознава А1он, сите функционери во Брисел дури и Рoмпуј го информирале претседателот Иванов дека Македонија после извештајот нема да добие датум за отпочнување на преговорите.

Не само што нема датум, туку и бриселските функционери го запрашале Иванов – Како ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе организираат регуларни избори, кога не се во состојба да организираат регуларен попис на населението?
Иванов бил прашан дали е логично прво да се организира попис, па избори.

Иванов, дознаваме, добил 2 недели за да го подготви одговорот на ова прашање и да го достави 10 дена пред Брисел да го соопшти извештајот за Напредокот на Македонија.

Дознаваме дека вицепремиерката Теута Арифи е добро информирана за текот на настаните и добила препорака од Груевски да не се појавува на никакви панели или дискусии за ввроинтегративните процеси на Македонија.

Со ваков развој на настаните се очекува уште поголема офанзива на Грција насочена кон владата на Груевски.

А1он дознава дека ситуацијата во Македонија веќе се заострува до крајни граници иако ова, Владината коалиција умешно го крие. Дознаваме дека до Арифи дошла препорака од Атина , повеќе да не се залага за решавање на спорот се додека Владата поставува антички скулптури во центарот на Скопје.

Од незината партија и препорачале да го премолчи ова во јавноста и да не го „лути“ Никола Груевски.

Брисел веќе е свесен дека работата ќе заглави во „слеп колосек“, после објавување на Извештајот за напредокот.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски