Во Стар Дојран вечер ќе се одржи четвртото издание на музичкиот Д-Фестивал.
Организаторите, Пасворд продакшн и Антена 5 Радио информираа дека фестивалската вечер е комплетирана со музички групи од светската и домашната музичка сцена, кои ќе привлечат голем број фанови на летниот фестивал.
Ѕвезди на вечерта ќе бидат светски познатите групи „Стерео Ем-Си,с“ и „Стринг Форсис“ на кои ќе им се придружат и три групи од домашната музичка сцена „Бернајс Пропаганда“ кој важи за еден од најдобрите бендови во регионот, рок легендите „Ареа“ и хип-хоп колективот „Дивизија“.