Вредноста на српскиот динар падна на досега најниско ниво во однос на еврото, при што една европска валута викендов се менува за 116,74 српски.
Според српските медиуми, причина за падот на вредноста на динарот се лошата состојба во која се наоѓат јавните финансии на Србија, но и кризата во Украина.
Гувернерот на Народната банка на Србија (НБС), Јоргованка Табаковиќ смета дека падот вредноста на динарот не треба да предузвика стравување дека тоа може да доведе до инфлаторен бран или до негативни последици врз животниот стандард на граѓаните.
– Сегашното колебање на динарот е последица на зголемента несигурност, која на внатрешен план е поврзана со започнатото финансиско заздравување на Србија, а на меѓунардоен план со геополитичките случувања околу Украина, изјави Табаковиќ за весникот „Курир“.