ВИДЕО: Израел во лажен град ги подготвува своите специјалци за војна

Од:

Специјалци на израелската војска во моментов се ангажирани во појасот Газа, каде што е во тек голема акција против Хамас.

Борбите во Газа се водат во тесни градски улици и тој начин на војување се разликува од сите досегашни. Израелската војска за тие потреби подготви и посебен град, во кој што војниците се обучуваат за новиот вид на војна.

Станува збор за посебниот вештачки град, Баладија кој се наоѓа во близина на базата Целим во пустината Нагав, веднаш покрај појасот Газа. Базата зазема површина од 20 километри квадратни и досега освен израелските ја користеле и други светски воени сили, пред се на САД како и мировните трупи на ОН.

10566628_10204360899848521_43680231_n

Изградбата на овој центар чие што име е „Баладија“ е завршена во 2005 година, а истата изнесувала 45 милиони долари.

Алекс Милер, новинар на „Вајс“ имал можност заедно со израелските воници да помине обука и целиот процес да го забележи во документарен филм. Лажниот град има 600 згради, а командантите имаат можност да го прилагодуваат изгледот на градот за потребите на идните мисии. Инаку градот ги има сите детали, меѓу кои уличното осветлување како и џамија, од чие што минаре пет пати во денот се слуша повик за молитва.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски