Најмалку три лица починаа, а над 3.000 се хоспитализирани како последица на топлиот бран што деновиве ја погоди Јапонија.
Јапонската Метеоролошка управа соопшти дека денеска во повеќето јапонски градови била измерена температура над 35 степени Целзиусови и им препорача на граѓаните да пијат повеќе течности за да спречат дехидратација, како и да не се изложуваат подолго време на отворено.
Меѓу жртвите е и една 76-годишна жена која починала додека престојувала во стаклена градина.
Според јапонските медиуми, во болиниците биле примени 3.719 лица, од кои повеќе од половината биле постари од 65 години.
Метеоролозите најавија дека топлотниот бран во Јапонија ќе продолжи и следната недела, со тоа што ќе биде пропратен со .зголемна влажност на воздухот.