Четворица Палестинци загинаа на Западниот брег

Од:

Четворица Палестинци загинаа денеска во одвоени инциденти на Западниот Брег, каде се зголемува тензијата поради конфликтот меѓу Израел и исламистичкото движење Хамас во Појасот Газа.

Палестинските здравствени власти соопштија дека двајца млади луѓе биле убиени во селото Хавара во северниот дел на Западниот Брег, но засега не е позната причината за нивната смрт.

Од болницата во Хеброн е истакнато дека уште двајца Палестинци загинале во блиското село Беит Омар. Очевидци тврдат дека израелски војници се судриле со палестински демонстранти во селото, кои фрлале камења кон нив.

Израелската армија соопшти дека ги проверува овие извештаи, додека лидерите на Хамас во Газа и странство повикуваат на почеток на трето востание против израелската окупација.

Повиците зачестија по насилните протести, кои избија синоќа на Западниот Брег. Околу 10.000 луѓе маршираа од Рамала до Ерусалим, каде се судрија со израелски полицајци. При судирите во близина на контролниот пункт Каландија загинаа двајца Палестинци, а околу 200 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање

Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Предраг Петровиќ