Тројца египетски исламисти убиени во израелски напад на Синај

Од:

Тројца членови на египетската исламистичка организација Ансар Бејт ал Макдис се убиени во напад на израелско беспилотно летало на Синајскиот Полуостров, соопшти денеска групата.

Во соопштение, објавено на интернет страница што групата често го користи за пренесување на нејзините ставови, се тврди дека леталото во средата вечерта го погодило автомобилот со кој патувале исламистите.

Претставник на египетското Министерство за одбрана, меѓутоа, демантира дека имало таков напад.

– Египетскиот воздушен простор не беше нарушен од какви и да било летала, било да се израелски или други, нагласи тој.

Групата Ансар Бејт ал Макдис, која е стационирана на Синајскиот Полуостров и САД ја прогласија за терористичка организаицја, извршува напади врз израелски граничари и со ракети го гаѓа јужниот израелски град Ејлат. Таа беше формирана по бранот бунтови што го зафатија Египет во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро