Заедничка противпожарна вежба на припадниците на АРМ и велешките пожарникари

Од:

Во кругот на касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес денеска се одржа заедничка показна вежба на пожарникарите од професионалната Противпожарна Територијална Единица од Велес и припадниците на АРМ односно на Противпожарниот вод.

Беа изведени три показни вежби: гаснење пожари на пасишта, гаснење пожари во шума и гаснење пожар и извлекување на жртви од станбен објект во кои горат запаливи материи.

Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ од Велес, оцени дека денешната вежба била одлично изведена, што се должи, според него, на одличната соработка на припадниците на АРМ и велешките професионални пожарникари.

– Оваа обука е многу значајна за припадниците на АРМ за безбедноста на објектите во гарнизонот, но и за гаснење на други пожари на територијата на Општина Велес, Градско и Чашка, изјави Лепидовски.

Тој потсети дека припадниците на АРМ и во изминатите години биле голема помош за велешките пожарникари во гаснењето на големите шумски пожари во поширокиот велешки регион, а за што им се посебно благодарни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Создадена е „огнена бура“: Пожарот се заканува да проголта цел град, луѓето бегаат во паника

Предраг Петровиќ

ДЗС: Испратени се дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница

(ВИДЕО) Голем пожар беснее во Солун: Повеќе од 100 пожарникари се борат со огнената стихија

Четири изгубени животи што не се забораваат – 14 години од пожарот над Струмица

(ВИДЕО) Пожарот што избувна во Толедо се прошири на поширокото подрачје на Мадрид

Трагедија во Перу: Пожар во Лима одзеде најмалку десет животи, загинаа пет деца