Романци во знак на протест изградија мост од пластични шишиња

Од:

Жители на западнороманскиот град Темишвар изградија мост од десетици илјади пластични шишиња во знак на протест против загадувањето на животната средина со овој вид отпад.

Оваа подвижна колоритна платформа со должина од 23 метри е направена од 157.000 пластични шишиња и според иницијаторот на проектот, претставува најголемата ваква конструкција во светот.

Мостот ќе им овозможи на пешаците да минуват преку канал во центарот на градот.

Експертите од Гинисовата книга на рекорди подоцна треба да одлучат дали станува збор за светски рекорд од ваков вид.

– Со овој светски рекорд ние сакаме да привлечеме внимание кон огромните количества на пластичен отпад што завршуваат во морињата и реките низ целиот свет, посочи Раду Русу, еден од членовите на еколошката организација иницијатор на проектот. – Овие шишиња не и припаѓаат на водата, додаде тој.

Според Европската комисија, секоја година во океаните и морињата завршуваат околу 10 милиони тони отпад, главно пластика, претворајќи ги водените површини во огромни депонии.

Шишињата искористени за изградба на мостот биле собран во период од два месеци, а потоа за еден месец 500 волонтери ги споиле со жица и го направиле мостот. На мостот, кој ќе стои две недели, ќе се одржуваат и концерти.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски