Европскиот суд за човекови права ја осуди Полска поради тајните затвори на ЦИА

Од:

Европскиот суд за човекови права ја осуди денеска Полска поради нејзиното „соучесништво“ во спроведувањето на програмата за тајни затвори на ЦИА, насочена против наводни терористи.

Според Судот во Стразбур, полските власти во периодот меѓу 2002 и 2003 година, соработувале во „илегалниот трансфер“ на двајцата осомничени и дозволиле тие да бидат задржани и сослушувани на територијата на Полска.

Двајцата сириски државјани Абу Зубаида и Абд ал Рахим ал Нашири, кои поднеле тужби, тврдат дека биле тајно транспортирани со авион до затвор управуван од ЦИА, а се наоѓал во еден шумски предел во Полска. Тие тврдат дека биле физички малтретирани.

Двајцата се уште се наоѓаат во затворот во амеруканската воена база во Гвантанамо, на Куба, заедно со уште 100 други осомничени за тероризам.

Во текот на процесот, Судот констарираше дека двајцата не само што биле „нелегално задржани и испрашувани“ туку дека во текот на сослушувањето биле изложени на тортура.

Во соопштението по пресудата, Судот во Стразбур заклучил дека полиските власти кои се потписници на Конвенцијата за човекови права, ги прекршиле нејзините одредби, дозволувајќи луѓето да се најдат на полската територија и притоа да бидат изложени и на облици на тортура. Судот пресуди Полска да му исплати на Нашири 100.000 евра, а на Зубаида 130.000 евра отштета.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази