Ѓукановиќ: Шариќ не може да каже ништо што би ме загрозило

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека нарко-босот Дарко Шариќ не може да каже ништо што би можело да го загрози него или земјата.

На прашањето да ги прокоментира наводите од сослушувањето на Шариќ, во кои сведочи дека му бил понуден договор доколку го обвини црногорскиот премиер за што било, Ѓукановиќ истакна дека таа информација не го изненадила.

– Тоа не ме вознемирува, бидејќи дури и да постоел таков аранжман, не гледам дека некој од нив би можел да каже нешто што ќе претставува товар за Црна Гора или за мене лично – објасни Ѓукановиќ пред новинарите.

Тој истакна дека тоа не го изненадило бидејќи различни луѓе во претходните години раскажувале како добивале слични понуди од одредени безбедносни структури во Србија.

– Од формирањето на новата власт во Србија не регистрираме такви драстични негативни намери кон Црна Гора, ниту пак негативни тонови – нагласи црногорскиот премиер, истакнувајќи го напредокот во односите меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора, епицентарот е меѓу Никшиќ и Даниловград

Горан Наумовски

Девојче од Црна Гора планирало терористички напад: Родителите во шок, оружје во куќата

Предраг Петровиќ

Во Беране се запали автобус со 80 деца, три се болнички згрижени

Горан Наумовски