Ограбена црквата „Св. Антонија“ во Глобочица

Од:

Црквата „Св. Антонија“ во струшкото село Глобочица била ограбена од засега непознат сторител.

СВР Охрид информира дека според кажувањата на член на црковниот одбор биле одземени околу 200 денари.

– Кражбата е извршена во периодот од 20 до 23 јули. Во црквата „Св. Антонија“ сторителот влегол откако го скршил прозорецот од источната страна, а потоа се упатил во внатрешноста, каде извршил пребарување низ црковните простории. Во близина на црковниот олтар ги забележал парите оставени од верниците, ги одзел по што избегал, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски