Игор ја убил Наташа од љубомора?

Од:

Љубовна разделба е најверојатно причина за вчерашната трагедија во Аеродром во која скопјанецот Игор Спасовски ги застрела сестрите Наташа и Билјана и се самоуби, објави „Канал 5“.

Телевизијата објавува дека Игор и Наташа биле во љубовна врска од пред Нова Година кога се запознале во дискотека во која тој работел како обезбедување.

Според пријателката, Спасовски бил љубоморен и Наташа пред една недела ја прекинала врската, но тој не можел да го прифати тоа и нон-стоп ја барал. Пријателката за телевизијата раскажува дека Игор никогаш претходно не бил агресивен кон Наташа, бил многу заљубен во неа бил тивок пријатен дури ни алкохол не пиел.

Според пријателката, пренесува Канал 5, Наташа не планирала да летува во Грција, туку сакала да оди во Ресен, ама му рекла на Игор така за да не ја бара.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он