Убиството во Аеродром извршено со службен пиштол, убиецот бил обезбедување на владин функционер?

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска не негираше дека 36 – годишниот Игор кој вчера изврши двојно убиство, а потоа и се самоуби, работел како обезбедување на висок владин функционер, пренесе 24 Вести.

Убиството било извршено со службен пиштол за кој имал дозвола и покрај кривичната пријава што ја добил во 2004-та за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, потври министерката.

Од обвинителството велат дека се уште се работи на собирање на доказите и информациите со кои треба да се разјасни што се случило и кои биле мотивите на сторителот.

Трагедијата вчера во скоската населба Аеродром се случила пред очите на двете малолетни деца на една од убиените.

Би можело да ве интересира

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код