Исламските невладини организации им помагаат на сиромашните за време на Рамазан

Од:

Исламските невладини организации на Балканот донираат храна и неопходни работи за време на светиот месец Рамазан и истовремено ги охрабруваат сопствениците на бизниси да донираат средства за помош на сиромашните.

Исламската хуманитарна организација Мерхамет отвори жиро сметки со цел да ги охрабри бизнисмените да донираат, а особено да им помогнат на луѓето кои имаат потреба од лекување во странство.

„Има луѓе кои носат 50, 100 или 500 евра кои ние потоа ги ставаме на посебни жиро сметки и тие средства ги користиме по потреба. Тоа нас нè радува бидејќи со тоа покажуваме дека луѓето од Балканот сакаат да помагаат“, рече за SETimes Џабир Хаџиказим, заменик-претседател на Мерхамет.

Бизнисмените, исто така, им помагаат на исламските невладини организации да подготват бесплатни оброци за сиромашните во градовите со значително муслиманско население низ целиот Балкан.

„Ова е прва година како организиравме Ифтарска вечера за граѓаните на која беа присутни 860 луѓе“, рече за SETimes Адријан Османоски, бизнисмен од Струга.

Османоски рече дека грижата е присутна во секоја џамија, каде што посебно назначени луѓе им помагаат на сиромашните семејства, додека бизнисмените помагаат со донации и стипендии за студентите.

Благодарение на ваквите донации косовската хуманитарна организација Береќети што го покрива Косово успеа да им подели хуманитарна помош на илјадници семејства, рече Фитим Флугај, претседател мна Береќети.

„[Покрај тоа] имаме на располагање 2.000 дополнителни хуманитарни пакети, кои ќе бидат поделени во текот на следните денови“, рече Флугај за SETimes.

Во Босна и Херцеговина (БиХ) сараевската фондација Извор на надеж слично на тоа собира донации од претпријатијата и индивидуалните бизнисмени за да помогне во организирањето на традиционалната Ифтарска вечера за погодените од катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина (БиХ).

Властите велат дека донациите се конкретно насочени за помош на оние кои се несразмерно погодени.

„Подготвивме пакети храна за сиромашните семејства, но посебно за ромско-египќанската заедница во предградието на Тирана. Намалувањето на сиромаштијата, која претставува рана со големи социјални последици за Албанија, е приоритет и за заедницата на албанските Муслимани“, рече за SETimes Едвин Куци, директор за социјални прашања во Албанската исламска заедница во Тирана.

Дописничката Линда Карадаку во Приштина даде свој придонес за овој извештај.

Што можат да направат балканските невладини организации за да ги ангажираат бизнисмените да им помогнат на сиромашните за време на Рамазан? Споделете во вашето мислење во делот за коментари.

Би можело да ве интересира

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Ана Ололовска

ВИДЕО: Започна чествувањето на Рамазан во Мека, во затворен простор се примаат само вакцинираните и имуните верници

Жарко Настоски

Почнува рамазанскиот пост

Ана Ололовска

Џамиите во Косово ќе се отворат откако ќе се олеснат мерките за заштита од Ковид-19

А1он

За Рамазан во Гостивар ќе има бесплатен леб за секое сиромашно семејство

А1он

Почнува рамазанскиот пост

Ана Ололовска