Убиецот му ја здробил главата на 90-годишниот старец во Велес поради 200 денари

Од:

Четириесет и осумгодишниот бездомник З.Д. од Велес е осомничен за убиството на 90-годишниот Јован Ц. од Велес, чие тело беше пронајдено минатата недела во кругот на СОУ „Кочо Рацин“ во Велес.

По неколкудневна интензивна истрага, врз основа на обезбедени оперативни сознанија и информации, поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело „убиство“, СВР Велес го приведе велешанецот З.Д. (48).

Како што информираат од полицијата, според првичните сознанија убиството се случило на 17.07 околу 17:00 часот во дворот на велешката гимназија при што осомничениот кој инаку бил бездомник, искористувајќи го моментот кога Јован Ц. му бил завртен со грб го удрил со камен по главата, по што жртвата паднала, а потоа му нанел уште неколку удари со каменот. По убиството осомничениот од џебот на Јован Ц. земал околу 200 денари и заминал.

Од полицијата информираат дека по приведувањето и извршениот службен разговор осомничениот во целост го признал делото и ги опишал околностите и деталите од убиството. З.Д. вчера попладне беше изведен пред надлежен судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес, кој му изрече мерка притвор во траење од 48 часа. По целосно комплетирање на документацијата за случајот ќе биде поднесена и кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ