Во Чегране, Гостиварско, го ранил братучедедот по расправија за градба

Од:

Шеесет и пет годишниот жител на гостиварско Чегране, Џ.Р., бил застрелан во нога, откако кон него пукал неговиот роднина и сосед И.Р (57).

Според СВР Тетово, на пукањето му претходела бурна расправија на двајцата роднини околу градежни активности на просторот помеѓу нивните куќи. Кавгата, во еден момент излегла од контрола и кулминирала.

Постариот од братучедите, од испуканиот проектил задобил влезна рана во левата надколеница и бил пренесен во гостиварската болница, каде му е извршена хируршка интервенција и е пуштен на домашно лекување.

И.Р. по пријавата, е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар.
Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, пронајден е пиштолот „Застава“ со непознат калибар од кој се претпоставува дека е пукано и даден е на вештачење.

По расветлување на деталите, од СВР Тетово најавуваат дека против И.Р. ќе следува соодветна пријава, со која ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи