• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Изминатото деноноќие 11 сообраќајни незгоди во Скопје

by А1он23/07/2014 - 11:36196
Share0

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои две со материјална штета, а седум со повредени лица.

Добивај вести на вибер

Повредени се тројца пешаци, еден велосипедист, еден моторциклист, двајца возачи и еден сопатник.

Случени се и две незгоди со тешки телесни повреди. Првата се случила во 7 часот и 30 минути на крстосницата меѓу булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ во која од возило „фолксваген пасат“ е повреден пешак, роден 1963 година,кој се здобил со тешки телесни повреди.

Втората сообраќајка се случила во 8 часот пред крстосницата од улиците „Московска“ и „Софиска“ во која се повредени возач на мопед и пешак. Пешакот се здобил со тешки, а возачот на мопед со телесни повреди.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај.

Од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четворица возачи без возачка дозвола, шест возачи кои не ја почитувале светлосната сигнализација, 11 коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 10 возачи кои не користеле сигурносен појас или користеле мобилниот телефон за време на возењето.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 36 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно.

skopje

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он28/12/2025 - 14:48

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:16

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он15/12/2025 - 19:32

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски13/12/2025 - 13:5413/12/2025 - 14:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен