Средба на министерот Јашари со албанскиот амбасадор Бушати

Од:

Министерот за правда Аднан Јашари на денешната средба го информирал албанскиот амбасадор Петрит Бушати за активностите кои се во надлежност на Министерството за правда во однос на реформите на правосудството, како и залагањето на овој ресор во врска со реформите кои треба да се преземат за зачленувањето на Република Македонија во Европската унија.

Како што соопшти Министерството за правда, амбасадорот Бушати посочил дека Министерството за правда на Република Албанија има изразено интерес за спроведување на активностите во однос на разменувањето на практичните искуства од областа на правосудството, посебно од областа на меѓународната правна помош, во кривичните и граѓанските предмети, како и размена на заедничкото искуство.

– Република Албанија како докажан пријател на Република Македонија и понатаму ќе продолжи да ја поддржува и да и нуди безрезервна помош, истакнал Бушати.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски