Еминем уште како тинејџер беше страстно вљубен во хип – хопот, а песната која се појави на Јутјуб, создадена е некаде меѓу 1988 и 1991 година кога бил средношколец, најверојатно 16-годишен.
Песната е насловена „Рooh Butt Daily“, а на неа Еминем соработува со Чаос Кид, кој тогаш настапувал под псевдонимот Соул Интент.
Снимката на младиот Еминем во заносот на рапувањето се појави само еден ден откако на Јутјуб се појави видеото на 18-годишниот Кенје Вест како рапува во продавница за плочи.