Некогашниот повеќекратен првак во Формула 1, Михаел Шумахер кој се здоби со тешка повреда на скијање во Франција, наводно закрепнува и до крајот на идниот месец би можело да биде пуштен на домашно лекување.
Според пишувањето на швајцарските медиуми, тој се уште е парализиран, но наводно е во можност со помош на очите да комуницира со семејството.
Лекарите од клиниката Лаусани, во која Шумахер се наоѓа од пред еден месец планираат да го стават во електрична инвалидска количка, која тој ќе може да ја управува со уста.
Е. Г.